Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Одбележување на 20 години од донесувањето на Законот за слободен пристап до информации

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер денеска ќе одбележи 20 години од донесувањето на Законот за слободен пристап до информации, под мотото „20 години транспарентност што гради доверба“.

Одбележувањето ќе се одржи во Клубот на пратеници со почеток во 12:00 часот, а како што е најавено, на настанот ќе учествуваат високи претставници на институциите, меѓународната заедница и партнерските организации.

Настанот ќе го отвори Јасмина Велкова, советник за односи со јавност во Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, а ќе се обратат директорот на Агенцијата, Петар Гајдов, пратеникот во Собранието и претседател на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците Љупчо Пренџов, амбасадорот на Швајцарија Кристоф Зомер и амбасадорот на  Шведска Ола Сулстром.

Реклама

На настанот ќе се обратат и градоначалникот на Скопје и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски и програмската директорка во Фондацијата „Метаморфозис“ Данче Даниловска-Бајдевска.

По обраќањата и заклучоците, медиумите ќе имаат можност да земат изјави од говорниците и официјалните претставници.

Јубилејот, како што е наведено во најавата, претставува одбележување на две децении од воспоставувањето на правната рамка за пристап до информации и значењето на правото на граѓаните да знаат за транспарентноста, отчетноста и довербата во институциите.