По повод одбележувањето на Светскиот ден за подигнување на свеста за инфламаторните цревни заболувања, Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија – Скопје денеска организира стручно предавање посветено на современите аспекти во дијагнозата и третманот на инфламаторните цревни заболувања (ИБЗ).
Настанот ќе се одржи во амфитеатарот на Медицинскиот факултет, а предавањето има цел да ја подигне свеста за животот со ИБЗ и да ги претстави најновите медицински пристапи и искуства во третманот на пациентите.
Според агендата, вовдени обраќања ќе имаат директорката на Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија, Мери Трајковска, заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
