Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Одбележување на роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало, Драмски театар ќе соопшти за наградата именувана по драмскиот автор

Кај спомен-клупата на Горан Стефановски во Дебар Маало во општина Центар денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кај спомен-клупата на Горан Стефановски во Дебар Маало во општина Центар денеска од 17 часот ќе се одржи настан со кој ќе се одбележи роденденот на големиот драмски автор.

Целта на настанот, кој е дел од годинашната програма за култура на Општина Центар, е да се одбележи творештвото на Стефановски, неговиот дух и неговото присуство во културниот и општествениот живот, преку уметност, музика, сеќавања и пријателски разговори.

Домаќин на настанот ќе биде неговиот син, Игор Стефановски, кој ќе пречека и ќе разговара со блиски пријатели и соработници на Горан, присетувајќи се на родендените што ги славеле заедно, како и на неговиот живот, хумор, идеи и оставштина. 

Реклама

Програмата ќе вклучи настап на хорот „Мирче Ацев“ со неколку од омилените песни на Горан, ќе настапи и младата џез формација „Трицкл” и ќе бидат изведени неколку актерски монолози од делата на Горан Стефановски.

Според најавата, ќе биде поставена и ликовна изложба со портрети од Горан Стефановски насликани од уметникот Ненад Рафајловски, а музичката атмосфера ќе ја заокружи диџеј Шурбе.

-Настанот, во режија на Војо Цветановски, е замислен како отворена и топла средба на пријатели, уметници и граѓани, кои заедно ќе го прослават роденденот на Горан Стефановски на местото што симболично го чува неговото сеќавање – спомен-клупата во Скопје. Преку збор, музика, уметност и сеќавања, ќе се испрати порака дека Горан Стефановски и понатаму живее во културата, во градот и во луѓето, соопштија организаторите. 

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, ги покани  сите почитувачи на книжевноста и делото на Горан Стефановски да се придружат на настанот за, како што вели, „заедно да го одбележиме неговото творештво, неговиот дух и неговото присуство во културниот живот, преку уметност, музика, сеќавања и пријателски разговори“. 

Општина Центар соопшти дека години наназад реализира настани и уредува уметнички катчиња, посветени на животот и делото на славниот дебармаалец Горан Стефановски (Битола, 27 април 1952 – Кантербери, Обединето Кралство, 27 ноември 2018).

Како што соопшти денеска Драмскиот театар Скопје, по воспосватувањето на наградата „Горан Стефановски“, годинава за првпат беше распишан Конкурсот за најдобар драмски текст од македонски млад

По повод денот на раѓањето на Горан Стефановски, Драмски театар Скопје денеска организира прес-конференција за Конкурсот за наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор, на која ќе се обрати претседателката на Комисијата, драматургот Викторија Рангелова-Петровска.