Реклама

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Македонија

Одбележување на Меѓународниот ден на музеите: изложби, модна ревија и детски пораки за мир

Со повеќе настани во Скопје, денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со повеќе настани во Скопје, денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на музеите, меѓу кои изложбата „Вода: Од исконски верувања до современ пулс“, инклузивната модна ревија „Модата во минатото“, како и изложба на детски ликовни творби во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Во Музејот на Македонија ќе биде отворена изложбата „Вода: Од исконски верувања до современ пулс“, чиј автор е Јован Шурбаноски, а коавтор Александра Папазовска. Изложбата ќе ја отвори директорот на установата Александар Ристевски.

Поставката, како што информираат организаторите, преку археологијата, етнологијата и уметноста го истражува значењето на водата – од биолошка неопходност до духовен и културен симбол, прикажувајќи го нејзиното влијание врз развојот на заедниците, занаетите, спортот и политичките процеси.

Реклама

Во Археолошкиот музеј, пак, ќе се одржи инклузивната модна ревија „Модата во минатото“, на која посетителите ќе можат да уживаат во модни креации инспирирани од историското наследство. Во рамки на настанот ќе биде достапна и постојаната поставка од Нумизматичката збирка, со околу 2.500 монети што го опфаќаат периодот од VI век пр.н.е. до XX век.

Во пресрет на Меѓународниот ден, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија организира изложба на детски цртежи во соработка со невладината организација „Хавер Србија“, под мотото „Музеите што го обединуваат поделениот свет“.

На изложбата, поставена на вториот кат во изложбениот дел на Центарот, се претставени 78 ликовни творби од кои 65 од Македонија и 13 од Србија, создадени во рамки на проектите „Холокаустот низ призмата на детските очи“ и „Холокауст – култура на сеќавање“.

Како што наведуваат организаторите, преку детските творби се испраќа порака за мир, заедништво, инклузија и дијалог, при што визуелниот концепт ја нагласува идејата за „мостови“ што ги поврзуваат различните култури и заедници. Изложбата ќе биде отворена до крајот на јуни, а влезот е слободен.

Меѓународниот ден на музеите, кој се одбележува повеќе од 45 години на 18 мај, оваа година е посветен на улогата на музеите како мостови што придонесуваат за надминување на културните, социјалните и геополитичките поделби.