Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Одбележување на Денот на македонскиот јазик

Денот на македонскиот јазик 5 Мај денеска со настани ќе го одбележат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денот на македонскиот јазик 5 Мај денеска со настани ќе го одбележат Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и собраниската Комисија за култура и туризам. 

На настанот во Институтот поздравни обраќања ќе имаат директорката на ИМЈ, Елена Јованова-Грујовска, директорка на Семинарот за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, Кристина Николовска, и  архиепископ охридски и македониски г.г. Стефан.

Пригодно излагање под наслов „Од црти и рески до кирилицата: патот на македонското писмо“  ќе има Борче Арсов, научен советник при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје.

Реклама

Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет на УКИМ ќе го одбележи Денот на македонскиот јазик со трибина на тема „Состојбите во современиот македонски јазик – македонскиот јазик во правните акти“. 

Најавени се обраќања на Искра Пановска-Димова, раководителка на Катедрата за македонски јазик, Анета Дучевска од Филолошкиот факултет, Лидија Тантуровска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Матилда Саздова од Службен весник на РСМ и Татјана Трендафилова од „Академик“.

По повод Денот на македонскиот јазик, собраниската Комисија за култура и туризам денеска ќе одбележи јубилеј 80 години од излегувањето од печат на првата граматика на македонски јазик „Македонска граматика“ од Круме Кепески.

Поздравно обраќање на отворањето на настанот ќе имаат Саранда Имери-Стафаи, претседателка на Комисијата за култура и туризам, и Весна Бендевска, потпретседателка на Собранието, а тематски обраќања за важноста на изучувањето на македонскиот јазик во образованието, со осврт на граматиката на Кепески, ќе имаат пратеничките Даниела Христова, Иванка Василевска, Велика Стојкова-Серафимовска и Бисера Костадиновска-Стојчевска и универзитетските професори Димитар Пандев, Васил Дрвошанов и Јованка Кепеска.

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), пак, по повод Денот на македонскиот јазик, денеска ќе организира работилница „Дигитални јазични ресурси за македонскиот јазик“. 

Денот на македонскиот јазик 5 Мај се одбележува официјално од 2019 година, во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија од 1945 за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, откако на заседанието на АСНОМ во 1944 македонскиот е прогласен за официјален јазик во целата република.  Македонскиот јазик е кодифициран и стандардизиран и со озаконувањето на првиот правопис, на 7 јуни 1945.