Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Одбележување на Јом Хашоа – комеморативен ден за жртвите во холокаустот

Еврејската заедница во Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еврејската заедница во Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска ќе го одбележат Јом Хашоа – комеморативен ден на холокаустот, во знак на сеќавање на востанието на Евреите во варшавското гето во 1943 година, кој е и комеморативен ден на шест милиони Евреи убиени во холокаустот.

Комеморацијата ќе се одржи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во некогашното еврејско маало, во 14 часот. 

На настанот со рецирал ќе настапат ученици од ООУ „Петар Поп-Арсов“ од Скопје, ќе се одржи кадиш-молитва за жртвите на холокаустот и палење шест меморијални свеќи.

Реклама

Ќе биде прикажан филмот „Спасување“ и ќе биде отворена изложба на детски цртежи „Холокаустот низ призмата на детските очи“, со прогласување на најдобрите цртежи и врачување награди.

Како што е најавено, на настанот по повод Јом Хашоа ќе се обратат претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви; вршителот на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Скопје, Никол Варнс; и директорот за програми за меѓународна јавност на Меморијалниот музеј на холокаустот на САД, Андреа Бертранд.