Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Одбележување 165 години од „Зборникот на Миладиновци“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје денеска ќе одбележи 165 години од излегувањето на „Зборникот на браќата Миладиновци“, со свечен настан што ќе се одржи во Спомен-собата „Т’га за југ“. Како што е наведено во соопштението на библиотеката, одбележувањето е посветено на значењето на делото на Димитар и Константин Миладинов за македонскиот јазик, книжевност […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје денеска ќе одбележи 165 години од излегувањето на „Зборникот на браќата Миладиновци“, со свечен настан што ќе се одржи во Спомен-собата „Т’га за југ“.

Како што е наведено во соопштението на библиотеката, одбележувањето е посветено на значењето на делото на Димитар и Константин Миладинов за македонскиот јазик, книжевност и културен идентитет.

Настанот ќе го отвори директорката на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, Анета Механджијска, по што ќе следува осврт за „Зборникот“ и за творештвото на браќата Миладиновци од Братислав Ташковски.

Реклама

Во рамки на програмата е предвидена актерска изведба на избрани песни и текстови од „Зборникот на браќата Миладиновци“, како и изложба на сите изданија на „Зборникот“ и на делата на Миладиновци што се дел од библиотечниот фонд.

„Зборникот на браќата Миладиновци“, објавен во 1861 година, се смета за едно од најзначајните дела во македонската културна и книжевна историја, со трајно значење за зачувувањето на народното творештво и јазичното наследство.