Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Одбележан Светскиот ден на музеите со промоција на книгата „Македонија низ вековите“ од проф. д-р Виолета Ачкоска

Во просториите на Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, вечерва…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во просториите на Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, вечерва беше промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска, насловена „Македонија низ вековите“. Настанот, кој симболично се совпадна со одбележувањето на Светскиот ден на музеите, собра бројни претставници на академската фела, културни дејци и почитувачи на македонската историја.

Модератор на настанот беше Валентина Божиновска, која ја истакна храброста на Ачкоска во расветлувањето на македонската историја. Промотор на делото беше проф. д-р Никола Жежов, кој нагласи дека оваа книга, издадена од клубот на писатели „Поетски ноти“ од Битола, претставува сеопфатна синтеза на македонското минато – од праисторијата, преку средновековието, па сѐ до крајот на Втората светска војна.

Жежов објасни дека монографијата нуди синтеза на македонската историја поделена во неколку клучни поглавја од кои првото ја опфаќа историјата од праисторијата до средниот век, со посебен акцент на античкото македонско кралство и владеењето на Филип II и Александар III Македонски; второто го опфаќа средновековието (од V до првата половина на XIX век), вклучувајќи го доаѓањето на Словените, дејноста на Св. Климент и Св. Наум, Самоиловото царство, паѓањето под османлиска власт и Карпошовото востание; трето поглавје се фокусира на втората половина на XIX век до Првата светска војна, анализирајќи ги Разловечкото и Кресненското востание, основањето на ТМОРО во 1893 година и Илинденското востание; а четврто поглавје ги опфаќа трагичните воени конфликти – Балканските војни, поделбата на Македонија, Првата светска војна, периодот меѓу двете светски војни и Народноослободителната борба (НОБ) заклучно со АСНОМ.

Реклама

Во своето обраќање пред присутните, авторката проф. д-р Виолета Ачкоска истакна дека книгата е создадена од две клучни причини: практична и патриотска.

-Целта беше да создадеме сублимирано издание кое ќе го има секој македонски дом, без тешки академски фусноти, за да биде лесно читливо за пошироката јавност. Патриотската причина е да покажеме дека сме биле, сме и ќе бидеме. Македонците имаат жилави корени кои не можат лесно да се откорнат, и покрај притисоците од моќните сили кои повеќе од два века ја диригираат балканската политика- истакна Ачкоска.

Таа додаде дека Македонија е нејзина „љубов и болка“, потсетувајќи на нејзиниот 30-годишен активизам за зачувување на македонскиот идентитет. Ачкоска упати и посебна благодарност до донаторката Вера Самарјанин која го финансирала печатењето на првиот тираж од 100 примероци, како и до сите соработници кои волонтерски помогнале во издавањето. Авторката ја најави и својата следна книга, збирка патриотска поезија насловена „Бела птица во мрачен тунел“.

Настанот беше збогатен со културно-уметничка програма во која настапија актерот Крсте Јовановски и истакнати музички уметници: Васил Атанасов (обоа), Катерина Костадиновска-Гелебашева (пијано), Влатко Митев (тапан), баритонот Борис Трајанов и Дарко Мариновски (пијано).