Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Од утре дел од биолошката терапија достапна на Онкологија, надлежните смируваат ќе има ред на клиниката

Дел од биолошката терапија од утре ќе биде достапна на Онкологија,а останатите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дел од биолошката терапија од утре ќе биде достапна на Онкологија,а останатите лекови до крајот на неделава ќе бидат обезбедени, вели директорот на клиниката. Уверува пациентите да бидат спокојни во однос на достапноста на медикаменти, и дека со добро и соодветно планирање, тој и неговиот тим ќе ги направат сите напори да ги има сите лекови во секое време.

Само да потенцирам дека повеќето од пациентите што се третираат на универзитетската клиниката за радиотерапија и онкологија, ја примаат потребната терапија, хемо, радиотерапија и биолошка терапија. Недостасуваат лекови за дел од третманот за околу 40 до 60 пациенти во моментов. Верувам дека во најбрз временски рок ќе ја обезбедиме таа терапија. Од околу пет илјади новорегистрирани пациенти на клиниката, над 95 проценти ја примаат соодветната терапија – вели Игор Стојковски, директор на УКРО.

Директорот на ФЗО, кажа дека во петок треба да бидат одобрени годишните планови што би ја олесниле процедурата за редовна годишна набавка на лекови.

Реклама

Дека ќе се стави ред во работењето на Клиниката уверува и премиерот. Тој вели дека на онкологија ќе се работи законски и во интерес на пацинетите. Нема лекови на реверс како што дозволуваше предходната влада, нема повеќе јавни набавки без оглас и требување на вишок терапија за болните од рак – уверува премиерот Христијан Мицкоски. Тој е дециден дека завршува времето на злоупотреби на омилената веледрогерија на СДСМ која, според него , заработувала на лекови по екстремно високи цени на грбот на пациентите.

Ситуацијата на онкологија “ги крена на нозе” власта и опозицијата.Тие со меѓусебни обвинувања се докажуваат кај кого е вината за морбидниот случај кој беше обелоденет пред две години. Според ВМРО ДПМНЕ, Венко Филипче е главниот виновник за незаконското работење а клиниката.Пратеничката Мизрахи, ги наброја сите членови од сите закони кои ги прекршил Филипче во критичниот период кога се случувало скандалозното лелување на болните од канцер.

Опозицијата пак, обвинува за политичка хајка против претседателот на партијата. И бараат пратеничката Мизрахи да се извини за како што велат лажните обвинувања против Венко Филипче.

Случајот онкологија е во рацете на ОЈО во кој осомничени се петмина. Во моментов се чека вештачењето од Словенија на 51 медицинска историја од клиниката па потоа обивинителството ќе се изјасни.