Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Од следната недела значително намалување на цените на бензините, очекува Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави оти по постигнатиот договор меѓу САД и Иран и падот на цените на нафтата на светските берзи, очекува во моментот цените на бензините да се движат во рамките на половина денар или исти за дизел-горивата и од еден и пол до два денари зголемување кај бензините, при што тука треба […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави оти по постигнатиот договор меѓу САД и Иран и падот на цените на нафтата на светските берзи, очекува во моментот цените на бензините да се движат во рамките на половина денар или исти за дизел-горивата и од еден и пол до два денари зголемување кај бензините, при што тука треба да се има предвид дека сегашната одлука на Регулаторната комисија за енергетика се базира на движењата од минатата недела, а веќе следната недела очекува значајно намалување.

– Цените на нафтените деривати почнаа од денеска да се намалуваат, а одлуката што би требало да ја донесе РКЕ се однесува за минатата седмица. Според нашите калкулации, бидејќи престанува да важи кризната состојба, бидејќи договорот е постигнат, очекувам цените да се движат во рамките на половина денар и исти да останат кога станува збор за дизел-горивата и од еден и пол до два денари зголемување кај бензините. А следната недела очекувам значајно намалување бидејќи од денеска цените на берзите за нафтата и нафтените деривати драматично паднаа. Ги следев патувајќи кон Битола, се движат некаде околу 82,83 долари за барел, така што следната недела очекувам поголемо и позначително намалување – истакна Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по свеченото отворање на отворање на фабриката „Бреинчајлд“ во индустриската зона Жабени во Битола.

Премиерот додаде дека и понатаму остануваме земја што има најниска цена на бензините и дизел-горивата во регионот.

Реклама

– Тоа особено се чувствува тука во Битола. Има бензински станици на кои 50 проценти е зголемен прометот од страна на граѓаните од нашиот јужен сосед. Така што, овие три месеци, би рекол, прилично достоинствено ги издржавме. Во ниеден момент не дозволивме да имаме каква било рестрикција на бензинските пумпи, не го ограничивме извозот, напротив, ги отворивме нашите порти за граѓаните од соседните земји да точат горива и кај нас – додаде Мицкоски.

Тој нагласи дека обезбедиле доволно количини горива, по половина евро во просек за литар, и повтори дека нашите горива беа поевтини од оние кај соседите.

Мицкоски додаде дека ако овој договор меѓу САД и Иран е финален и конечен и со него се става крај на оваа неколкумесечна војна, што ја предизвика најголемата енергетска криза во последниот милениумот, тогаш „можеме да бидеме прилично среќни и задоволни од тоа како се справивме во овие исклучително предизвикувачки времиња“

– Не очајувавме, не свикувавме панични прес-конференции, туку работевме и еве дојдовме до оваа цел – рече Мицкоски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: