Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Од шверц до естетски интервенции: Под истрага мрежа што го загрозувала здравјето на граѓаните   

Како резултат на повеќемесечна, темелна предистражна постапка под раководство на јавен обвинител…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како резултат на повеќемесечна, темелна предистражна постапка под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал реализираше координирана и обемна акција за разбивање на организирана криминална група. Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени судски наредби од Основниот кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола. Приведени се 14 лица, меѓу кои и доктори од ЈЗУ „8 Септември“ и ЈЗУ „Универзитетска клиника за дерматологија – Скопје“, како и сопственици на приватни дерматолошки ординации и лица кои организирале транспорт и дистрибуција на нелегално внесени лекови и медицински помагала.

Обвинителството информира дека, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги, јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување истражна постапка против 19 лица. Постои основано сомневање дека се инволвирани во извршување на кривичните дела „злосторничко здружување“, „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „примање поткуп“. Со пријавата се опфатени и шест правни лица.

Според МВР, поднесена е кривична пријава против 19 физички и шест правни лица: Н.А. (43), С.К. (46), А.К. (41), М.Ѓ. (47), Ѓ.С. (32), С.М.С. (31) и В.С. (49) за „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „злосторничко здружување“, В.А. (61), Р.Т.Ѓ.(53) – косопственичка на правно лице од Скопје, Н.К. (42) – вработена како доктор во ЈЗУ „8 Септември“, А.К. (45) – вработен како доктор во ЈЗУ „8 Септември“, Д.Ф. (44) – вработен во ЈЗУ „Универзитетска клинка за дерматологија Скопје“, М.И.В. (38) – вработена како доктор во ЈЗУ „8 Септември“, А.Т. (27), С.Ф. (36) – управител на правно лице од Скопје, К.А. (53)- управител на правно лице од Битола, О.Д. (65) – управител на правно лице од Скопје и С.А. (40) – управител на правно лице од Скопје за „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ во врска со чл.22 „соизвршителство“ и „злосторничко здружување“, А.М. (38) за „примање поткуп“, „злосторничко здружување“  и „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ во врска со чл.22 „соизвршителство“ од КЗ, како и против пет правни лица од Скопје и едно од Битола за „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.

Реклама

При претресите се пронајдени и одземени поголемо количество медицински лекови и помагала (филери, ботокс, хилурон), 39.285 евра, 2.490 швајцарски франци и 26.000 денари, патничко возило марка „порше“,  поголема количина на парфеми и декларации за истите, мобилни телефони, тревкаста материја,…

-Во текот на 2026 година, со јасна намера за стекнување противправна имотна корист, седуммина осомничени формирале две криминални групи, кон кои подоцна се приклучиле и останатите, користејќи правни лица од Битола и Скопје како параван за незаконските активности. Групите организирано набавувале фалсификувани медицински лекови и медицински помагала (вклучително и ботокс) од Србија, Кореја и Турција, кои нелегално ги внесувале на територијата на државата, со цел нивно складирање, дистрибуција, продажба и апликација врз трети лица. Дел од осомничените, иако биле целосно свесни дека станува збор за лекови и медицински помагала што не се увезени согласно законските прописи и за кои не постои одобрение, упатство или декларација издадена од МАЛМЕД, сепак вршеле естетски интервенции, со што директно го загрозиле здравјето и животот на граѓаните и предизвикале сериозна општа опасност, наведува Обвинителството.

Во рамки на истрагата, осомничен е и царински службеник кој, со цел стекнување противправна имотна корист, во два наврати примил поткуп за да овозможи влез на нелегална стока во државата, без да биде извршена задолжителна царинска контрола.

Истрагата опфаќа и блиски сродници на дел од осомничените, кои иако знаеле за нелегалните активности, активно учествувале во преземање, складирање и чување на нелегалните лекови и медицински помагала во своите живеалишта.

-Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности и тежината на кривичните дела, утврди дека се исполнети законските основи за определување мерка притвор за 12 осомничени и во текот на денешниот ден до Судијата на претходна постапка ќе биде доставен предлог за нејзино определување. За останатите пет осомничени ќе бидат предложени соодветни мерки за обезбедување на нивното присуство, информираат од Обвинителството.