Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Прилози

Од шупливо во празно –  со поскапување на третиот и четвртиот блок, ќе се пополнува дупката во првите два

Трет и четврт блок да поскапат максимално за парите да се користат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трет и четврт блок да поскапат максимално за парите да се користат за субвенционирање на првиот и вторит блок . Ова е ставот на министерот за економија Крешник Бектеши кој на иста линија со Регулаторната комисија за енергетика не  кажа колку од домаќинствата во зимскиот период  преминуваат во трет блок .  

Ако јас лично се прашувам, струјата за четвртиот блок корисници ќе биде зголемена максимално со цел да се покријат првиот и вториот блок имајќи го предвид животниот стандард на нашите граѓани. Тие што се во четвртиот блок, мислам дека немаат никаква потреба да бидат поддржани од страна на државата. Ние не треба да поддржиме граѓани кои имаат големи приходи и трошат колку што троши една фабрика во нивните домаќинства. Ние треба да го направиме спротивното, тие граѓани треба да плаќаат согласно пазарот и секако да плаќаат за тоа што трошат. Имаме домаќинства кои имаат речиси низ цела Македонија станови, викендички. Тие кога и да одат таму имаат електрична енергија, а во делот на цената на дистрибутивната мрежа го плаќаме ние кои секојдневно живееме во нашите домови“, рече министерот Бектеши.

Во однос до новата ставка , и минстерот за економија смета дека е правична . Односно во случајов тие што имаат викендици, празни станови ,  не трошат струја и коректно си платиле приклучок треба да платат „ пристап до мрежа “ .

Реклама

-Граѓаните кои имаат два-три стана, викендици или слично, тие ќе имаат фиксен надомест во текот на целата година, имајќи во предвид дека ако еднаш го користат тој простор, тие кога одат во тој стан или викендица тие имаат електрична енергија затоа ја плаќаат другите граѓани во моментот согласно постоечката методологија. За да бидам јасен, зголемување на цената во фактурите на граѓаните нема да има од први јануари согласно новата методологија, рече Бектеши.

Од ЕВН за Алфа велат дека минатиот месец 85% или 690 илјади  домаќинства биле во 1 и 2 блок. Новата цена на струјата ќе стартува од 1 јануари, а дали ќе се прифати барањето за поскапување од 27 отсто од енергетските компании ќе се знае идната недела .