Реклама

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Од дипломатија до инвестиции – Што носи американската офанзива на Владата? Мицкоски се сретна со Рубио

Скопје и Вашингтон го засилуваат политичкиот дијалог. Стратешкото партнерство со САД добива…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје и Вашингтон го засилуваат политичкиот дијалог. Стратешкото партнерство со САД добива нов импулс, во време кога глобалните безбедносни предизвици бараат цврсти сојузништва и јасни позиции. На оваа тема меѓудругото разговорал македонскиот премиер Христијан Мицкоски со американскиот државен секретар Марк Рубио. Според Мицкоски овие разговори имаат особено значење и претставуваат потврда на важноста на стратешкото партнерство и негово засилување.

  • „Директната комуникација на високо политичко ниво е важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес, за продлабочување на билатералните односи и за натамошно зајакнување на нашата позиција како стабилен и доверлив сојузник. Во период на сериозни геополитички предизвици, силните партнерства и отворениот дијалог со нашите стратешки сојузници имаат уште поголема тежина. Македонија има јасни државни интереси и продолжува достоинствено и принципиелно да ги застапува заедно со нашите стратешки партнери“ напиша Мицкоски.

Резулатите од средбите од посетата на премиерот во Вашингтон и Њујорк ќе се видат по шест месеци до една година бидејќи овие разговори ги отвараат вратите за финансирање на проектите во Македонија за кои Владата лобира, коментираат познавачите.

  • „Ова посета е за отварање врати, не за носење резултати. Да кажеме, тоа што се мери, ќе биде потпишано или ќе биде реализирано од, во наредните шест месеци до една година, исто како во две илјади и дваесет и четврта, кога се реализираат одредени посети, а резултатот можеме да го гледаме една година подоцна. Дали со договорот со DFC, дали со трговската рамка, дали со финансирањето на гасовод, сите овие работи ќе ги гледаме во еден ден..“ – вели Раби Седрак – Директор на Институтот за меѓународни стратегиски и безбедносни студии.

Државната делегација предводена од премиерот престојуваше во Вашингтон на средби со американските власти, а сега е во Њујорк за годишното заседание на Обединетите нации. Во рамки на посетата на САД, Мицкоски, придружуван од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, присуствуваше на традиционалниот собир на Македонците од регионот на Њујорк и Њу Џерси. Претставници на дијаспората посочиле дека очекуваат поголема соработка со матичната држава, повеќе инвестиции и подобри можности за луѓето да се вратат и да живеат во Македонија.

https://studio.youtube.com/video/8vkccMzNYvg/edit