Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Прилози

Клиничкиот центар доби нова компресорска станица

Клиничкиот центар доби нова компресорска станица. Нема пречки за операции во хируршките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Клиничкиот центар доби нова компресорска станица. Нема пречки за операции во хируршките сали. По 9 месечен застој во хирушките блокови, проблемот е надминат. За набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компримиран воздух на комплексот клиники чини 21.2 милиони денари.Министерот за здравство е задоволен што е решен децениски проблеми во здравствениот систем и уверува дека полека но сигурно македонското здравство ќе застане на здрави нозе.

Со новата компресорска станица се покриени сите 18 хируршки сали на Хирургија, исто така салите во ОРЛ и Офталмологија и максилофацијална хирургија. Комплетниот систем е тестиран 10 дена, се функционира како што треба и од денес веќе и официјално се користи“, рече денес министерот Таравари.

Колапсот на хируршките клиники настана во мај минатата година кога беа затворени сите сали, а на стотици пациенти им беа одложени операциите. Сите итни случаи одеа во ГОБ 8ми септември и клиниката Свети Наум Охридски. Надлежните изнајдоа и преодно решение, со помош на надворешни компресори хирурзите почнаа да оперираат.

Реклама

И додека целиот притисок е врз Клиничкиот центар, здравствените власти размислуваат ГОБ „8 Септември“ биде регионален центар, кој освен Скопје ќе ги покрива и Куманово и Велес, или пак да остане втора клиничка болница во Скопје.

На прашање до кога ќе биде паузирана изградбата на нов клинички центар, Таравари одговори дека за 2025 нема таков план.

Нов клинички центар најавија неколку претходни влади, но ниту една досега не почна да го гради. Како алтернативно решение владата на Мицкоски го предлагаше спојувањето на клиниките во рамки на Клиничкиот центар во Скопје.