Реклама
Македонија

„Од 50 функционери, само 3 поднеле оставка“ – Фетаи: АA е сѐ уште во Владата!

Вицепремиерот Арбен Фетаи изјави дека Алијансата за Албанците сѐ уште е дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот Арбен Фетаи изјави дека Алијансата за Албанците сѐ уште е дел од Владата, бидејќи, како што рече, од вкупно 50 државни функционери именувани на позиции од редовите на партијата, само тројца досега поднеле оставка.

„Учеството на АА во Владата го сочинуваат околу 50 државни функционери кои се именувани на одредени позиции – најмалку 50, можеби и повеќе. Но, најмалку 50 има, и од нив, според она што јас го знам, само 3 досега поднеле оставка. Тие 3 јавно излегоа, за другите не ми е познато дека некој се повлекол од Владата. Знам дека сите останати продолжуваат да одат на своите работни места“, рече Фетаи.