Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Од 21 до 25 август по 64-ти пат ќе се одржат Струшките вечери на поезијата

Градот на мостовите Струга, е подготвен за 64-тото издание на Струшките вечери…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градот на мостовите Струга, е подготвен за 64-тото издание на Струшките вечери на поезијата. Од 21-ви до 25-ти август ,Струга ќе биде центар на светската поетска сцена.Ќе учествуваат 70 поети од земјава и странство,а за прв пат покровител на манифестацијата е Претседател на државата, во случајов Гордана Силјаноска Давкова. Лауреат на струшките вечери годинава е словачкиот поет Иван Штрпка,а  добитник на наградата „Мостови на Струга“, полскиот поет Матеуш Шимчик.

“Струшките вечери на поезијата не се локална организација и не се локален настан. Освен тоа што се национални, ги надминуваат рамките на државата. Манифестацијата е широко етаблирана и позната во светот. Она што мора да го разбереме е дека вложувањето токму во таа меѓународна промоција на нашиот јазик и култура е тоа за кое што оваа манифестација е всушност наменета и тоа е нејзината основна цел“-рече Никола Кукунеш,директор на СВП

Покрај луксузната монографија на лауреатот Иван Штрпка, која се објавува тројазично, ќе бидат објавени уште неколку значајни публикации, а повторно ќе се одржат низа манифестации кои беа дел до Струшките вечери но замрена последните неколку години.

Реклама

”Од другите фестивалски активности, значајни промени во програмата, треба да го истакнеме враќањето на она што се на некој начин белези на струшките вечери на поезијата. Оваа година е посветена на глаголицата како симбол на духовноста,на творештвото,на идентитетскиот темел кој ги поврзува народите”-рече уметничкиот директор Мите Стефоски

Повторно ќе се одржат читањата кај споменикот на Свети Климент на плоштадот во Охрид и патувањето со брод и поетското читање во „Свети Наум“. Поетското матине  ќе биде во предворјето на црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид. Фестивалот повторно ќе го добие својот сјај исполнувајќи ја задачата да биде афирматор и промотор на македонската и светската поезија. Токму заради тоа постои овој фестивал и затоа е најголемиот и најзначаен културен бренд кој го има Македонија во светот.