Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Македонија

Од 2.500 заразени пикот се намали на околу 1.700 – си го трасира ли патот власта за брзи избори летово ?

Власта ги намали  прогнозите за пикот на коронавирусот. Ако досега пресметките што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта ги намали  прогнозите за пикот на коронавирусот. Ако досега пресметките што ги правеле епидемиолозите Караџовски и Микиќ дека врвот на епидемијата ќе заврши со 2.000 до 2.500 заразени сега, министерот Филипче вели дека според последните анализи бројот на заразени ќе биде околу 1.700.

“Во првиот момент кривата на нови дијагностицирани беше таква што кажуваше дека може да стигнеме до максимална бројка од две до 2,5 илјади заразени со коронавирус. Тогаш таа претпоставка беше направена врз основа на тогашниот број пациенти, а тогаш немавме воведено вакви мерки. Сега може крајната бројка да биде поинаква. Сакаме и очекуваме да имаме помал број, но се подготвуваме како да ќе биде поголем. Последните анализи од пред една недела покажаа дека е можно бројката да биде 1.600 – 1.700 заразени. Но не се опуштаме.“ – кажа Венко Филипче, министер за здравство.

Дали во позадина на менување на стратегијата, со која, сега, прво се кажува бројот на оздравени, наспроти заболени и починати, власта си го чисти патот до идејата за брзи предвремени парламентарни избори, во ек на светска панедмија? И сето ова, и покрај предупредувањата од стручната универзитетска фела, дека изборниот процес треба да почне од ново, затоа што треба да се направи ажурирање на избирачкииот процес. Филипче вчера кажа дека засега не се размислувало за избори, но владејачката СДСМ – молчи. Тие чекаат од нивниот коалиционен партнер ДУИ односно го притискаат претседателот на собранието Талат Џафери да свика собраниска седница и веќе распуштениот парламентарен состав да се врати во собраниските клупи – спортивно на уставот.

Реклама

 

Ања Василева