Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Од 1 до 30 октомври 2026 продолжување на правото на студентска стипендија

Министерството за образование и наука ги известува сите корисници на право на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука ги известува сите корисници на право на студентска стипендија, остварено во некоја од изминатите академски години, кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на правото на стипендија, дека рокот за аплицирање е од 1 до 30 октомври 2026 година.

За продолжување на правото на студентска стипендија, корисникот треба електронски да ги прикачи следните документи: потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање; уверение со положени испити, издадено од факултетот; уверение за предвидени и положени испити (УППИ) – образец кој го пополнува и заверува факултетот, со наведениот успех од претходните години, како доказ дека студентот има положено 80 проценти односно 90 проценти од предвидените испити, во зависност од типот на стипендијата што ја користи, односно дека го одржал просечниот успех во студирањето, во согласност со договорот; индекс од првиот запишан семестар до последниот заверен семестар.

МОН во објавата појаснува дека документите треба да се прикачат електронски со соодветната документација на  http://e-uslugi.mon.gov.mk и посочува дека за каква било информација или прашање студентите може да се обратат на електронската пошта [email protected]