Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Економија

Од јули директни летови од Скопје до Алгеро и Палермо во Италија

Во летната сезона од Скопје ќе се лета за Палермо и за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во летната сезона од Скопје ќе се лета за Палермо и за Алгеро во Италија. Со почетокот на летниот ред на летање кон крајот на март скопскиот аеродром ќе ја прошири својата мрежа на линии со уште две нови релации – кон Будимпешта и Неапол, а охридскиот аеродром ќе добие нова линија до Милано. Во мај „Аустријан ерлајнс“ ќе почне со летови од Охрид до Виена, а во јуни „Визер“ ќе воведе уште две нови линии од Охрид до Катовице и Вроцлав.

– Уште две нови авиолинии од скопскиот аеродром! Убави вести за сите што сакаат да патуваат, како и за сите што сакаат да ја посетат Македонија. Од 15 јули од Скопје ќе може да се лета и до Палермо, а од 18  јули за Алгеро, Сардинија, во Италија. Со овие две нови авиолинии на „Визер“ се очекува уште повеќе да го зголемат авиосообраќајот на скопскиот аеродром, кој во 2025 година имаше рекордна година со над 3,2 милиони патници и со новите линии станува лидер во регионот – сподели денеска во објава на „Фејсбук“ вицепремиерот и министер за транспорт, Алекснадра Николоски. 

Од „ТАВ Македонија“ информираат дека „Визер“ на линијата од Скопје до Палермо од 15 јули ќе сообраќа трипати неделно, секои понеделник, среда и петок, со достапни цени од 29,99 ера, а од 18 јули почнува рутата Скопје – Алгеро, која ќе лета двапати неделно, секој вторник и секоја сабота, со достапни цени од 39,99 евра

Реклама

Летовите до двете нови дестинации се планирани како сезонски линии, односно ќе се реализираат до 11 и 12 септември.

– Со воведувањето низа нови линии гордо ја потврдуваме нашата посветеност на растот и иновациите отворајќи врати за нови партнерства, културни размени и полесен пристап до динамичните европски пазари. И ако мислевте дека сме застанале – не, ние штотуку почнуваме! – вели во пишана изјава Неџат Курт, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Од „ТАВ Македонија“ наведуваат дека новите рути од Скопје до Палермо и до Алгеро претставуваат директна поврзаност со две атрактивни медитерански дестинации, познати по својата туристичка понуда, културно наследство и економско значење.

– Палермо и Алгеро се места што ја одразуваат душата на Италија. Во Палермо на Сицилија посетителите ги очекува богата историја, импресивни палати, катедрали и живописни пазари нудејќи незаборавно патување низ културата и вкусовите на Сицилија. Во Алгеро на Сардинија, пак, туристите ќе може да уживаат во мирот на средновековните улици и прекрасните морски пејзажи – се вели во соопштението.

Николоски во објавата за новите летови посочува дека најавено е зголемување на бројот на летови и патници на постојаните линии, како и нов авион на скопскиот аеродром од најновата класа на „ербас A321“ – „нео“.

– Имајќи предвид дека ова се линии што ќе оперираат во летната сезона за нив не се предвидени субвенции, што е квалитет плус и показател дека комерцијално сè повеќе ќе има интерес за скопскиот аеродром – потенцира вицепремиерот Николоски.

 Меѓународниот аеродром „Скопје“ и Аеродромот „Св. апостол Павле“ – Охрид во првиот месец од годината заедно опслужија 289.584 патници на 2.009 лета, за 31 процент повеќе патнички сообраќај и 10 проценти повеќе летови во споредба со истиот месец од 2025 година.

Со актуелниот зимски ред на летање на Меѓународниот аеродром „Скопје“ вкупно 15 авиокомпании оперираат летови до 50 дестинации, а на Аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид три авиокомпании реализираат летови до осум дестинации.