Реклама
Прилози

Очаен обид за спас на давеник: Најавата за бојкот на локалните избори доказ дека ДУИ се плаши од катастрофален резултат во октомври

По Али Ахмети и Бујар Османи. Од заканите за дестабилизација, воинствените говори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По Али Ахмети и Бујар Османи. Од заканите за дестабилизација, воинствените говори на партискиот лидер, новата реторика на ДУИ сега стана закана дека ќе ги бојкотираат локалните избори, ако Уставниот суд реши да го менува или допре законот за јазици. Прво таквото сценарио од Липково го најави првиот човек на интегративците, а во сличен стил продолжи и партискиот потпретседател. Османи со истите зборови како и Ахмети. Не било во прашање ДУИ, Албанците немале да дозволат промени во овој закон. Бил морална, национална и човечка обврска кон оние што го дале животот за албанскиот јазик.

-И дали ќе глумиме како да ништо не се случило? Претседателот на Уставниот суд одлучил, и утре ќе излеземе да пиеме кафе во град!? И утре ќе правиме кампања за општините!? Затоа кажувам, длабока политичка криза, која што не може да продолжи во истиот начин без да седнеме и дискутираме што ќе правиме со Охридскиот Договор, без да го вратиме Балансерот, без да го вратиме Бадинтер, легитимитетот и без да го гарантираме јазикот, нема да има политика како обично, изјави Османи.

На ДУИ очигледно и повеќе од тешко им паѓа опозицијата, па на секаков начин се обидуваат да ги кренат тензиите во општеството. Прво најавуваа масовни паротести, па се собраа стотина граѓани пред Уставниот суд, а воинствената атмосферата кај нив спласна кога Артан Груби заврши на црната листа на САД и кривични пријави заработија нивни поранешни функционери. Според познавачите заканата со бојкот на локалните избори е најобично покажување страв, бидејќи се свесни дека ги очекува катастрофален резултат во октомври.

Реклама

-Пробуваат со старите игри, кога не им одговараат правилата, тие не влегуваат воопшто да играат, во овој случај на избори. И внатрешните анкети што ги прави ДУИ, сигурно не им излегуваат, сигурно не им излегуваат како што тие мислат и затоа сега пробуваат со бојкот, колку толку да го зачуваат тој малку имиџ што го имаат пред своите гласачи, вели новинарот Џенур Исени.

Новинарот Џенур Исени вели ова е обид на давеник да се спасува, бидејќи рејтингот на ДУИ може уште повеќе да паѓа со оглед на најавите дека се истражуваат нивни можни криминални дејствија во минатото, како и можното проширување на црната листа на САД.

-И самата амбасадорка тогаш рече дека ќе се прошири и можно е да се прошири таа листа и јас не верувам дека ДУИ ќе оди на тие екстреми што одеше пред четири- пет месеци. И затоа сега се саможртвува пред јавноста, демек изборите нема да бидат демократски итн, изјави Исени за Алфа.

Дека ситуацијата во ДУИ е далеку од добра доказ е и што поради сомнежи за тешки милионски криминали, во моментов во бегство од Македонија се порашениот прв вицепремиер и најблизок соработник на Али Ахмети, Артан Груби, како и поранешниот директор на Лотарија, Прпарим Бајрами.

Матеја Петровски