Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Обвинителството нема да го гони судијата Ферати за „пречкртаните оценки“

Судијата Ељведин Ферати од Кривичен суд Тетово, кој му досуди казна од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судијата Ељведин Ферати од Кривичен суд Тетово, кој му досуди казна од 2 години затвор на Менсур Пајазити за усмртување на 22-годишната Теодора Ристевска на пешачки премин, нема да биде гонет од Обвинителството за наводно „пречкртаните оценки“ што ги имал во своето досие на државниот универзитет во Тетово.

Основното јавно обвинителство оформи предмет откако државниот просветен инспекторат пронајде три пречкртании оценки во главната книга, без при тоа да најдат и пријави за преполагање на испитите од страна на Ферати. Тие оценки биле важни, затоа што од нив зависело и дали Ферати ги исполнува условите да се пријави на Академијата за судии и јавни обвинители за каде е потребен просек над 8. Но, кога Обвинителството ја прибавило целосната документација за судијата од Правниот факултет при Државниот универзитет Тетово, таму ги нашле и пријавите за преполагње.
„Во прилог на досието беа доставени и материјални докази – барања, решенија и пријави за повторно полагање, како и доказ за добиени оценки за 4 предмети со кои факултетот потврдува дека во 2014 година студентот ги преполагал испитите и добил оценки со кои го зголемил својот просек над 8,00,“ изјавиле од Јавното обвинителство Скопје за „Слободен Печат“. Оттаму додаваат дека, имајќи ги предвид доставените документи, не се исполнети елементите врз основа на кои би можел да преземе кривичен прогон по службена должност.