Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Обвинителството ја запира истражната постапка за починатиот управител на „Пулс“

Со минута молк во знак на почит кон настраданите во трагедијата во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со минута молк во знак на почит кон настраданите во трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, во која бројот на жртвите денеска се зголеми на 60, започнал денешниот состанок на стручнот колегиум на Јавното обвинителство во проширен состав. Обвинителскиот тим кој постапува во предметот за утврдување кривична одговорност реферирал пред колегиумот за преземените дејства до сега, со начинот и концептот на истражување и со стручните аспекти на предметот кои ги има предвид при истражувањето.

„Со оглед на тоа што денешната 60-та жртва од катастрофалниот пожар во Кочани е лице кое претходно било опфатено со наредбата за спроведување истражна постапка, во својство на управител на правно лице, Основното јавно обвинителство Кочани по прибавување на официјалната документација за настапената смртна околност ќе донесе наредба за запирање на истражната постапка за него“, информираа од обвинителството.

Стручниот колегиум на Јавното обвинителство изразил целосна поддршка за досегашната работа на обвинителите, кои во моментот паралелно водат истражна и предистражна постапка од широк опсег за целосно испитување на одговорноста за овој настан.

Реклама

„Сите капацитети на Јавното обвинителство се ставени на располагање на тимот за ефикасно завршување на истрагата“, се вели во соопштението.