Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Обвинителството и слепо и немо по признанијата од Рускоска дека Заев барал преквалификација за „27 април“

Обвинителството за гонење на организиран криминал и по втор пат се прави…

Сподели:

Обвинителството за гонење на организиран криминал и по втор пат се прави глуво и немо по признанието на нивната екс-шефица Вилма Рускоска дека поранешниот премиер Зоран Заев директно и се јавил да ургира и бара прекфалификација на делото за случајот „27 април„. Тој сакал наместо за тероризам, таа како главен обвинител во случајот да ги гонат луѓето за поблаго дело, затоа што му требало подршка за уставните измени за промена на името. Рускоска гордо се фали дека го одбила. Но проблемот е што целата нејзина приказна преставува кривично делo.

Тоа што Рускоска треба да го знае како екс-обвинителка, но и сегашниот републички јавен обвинител Коцевски е дека ваквата нејзина изјава може да се смета за признание на извршено кривично дело, особено ако се земат предвид одредбите од Кривичниот законик. Потенцијалните прекршувања вклучуваат Примање награда за противзаконито влијание, Злоупотреба на службена положба и овластување и Трговија со влијание. Тешки дела за ко е предвидени високи затворски казни.  

На прашање на Алфа, колку пати Русковска треба да каже дека Заев правел пазар за уставните измении и тргувал со влијание, за да Обвинителството реагира, оттаму молк.

Реклама

Ова е не прв пат Рускоска да призне. Имено, уште во октомври ланската година, таа во емисијата „Претрес“  објасни како се одвивал целиот телефонскиот разговор со поранешниот премиер. Тој и се јавил пред изгласувањето на Законот за амнестија и побарал да не ги товари луѓето за тероризам во случајот 27 април.

И тогаш како и сега, државниот обвинител не гледа и не слуша ништо.  Откако Русковска првпат призна за телефонските јавувања на Заев, во гостувањето на Алфа телевизија, Коцевски одговори дека таа требало да пријави, за да може обвинителите да постапат.  

Инаку, шеснаесет од седумнаесетте обвинети во настаните од 27 април беа осудени вкупно на затворска казна од 211 години, додека ослободен од обвинение беше само еден. Експертската јавност одамна негодува дека истрагта треба повторно да се отвори бидејќи луѓето се политички затвореници. Иако за упадот со судска одлука нема организатори, сепак тие се уште се теорирсти според судот и обвинистелството. Преживеа изживување, малтретирање и лежат драконски казни за дело за кое многумина е обична фарса и организирана политичка хајка на претходната власт.