Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Прилози

Oбвинителството го чека Ѓорѓиевски да пријави злоупотреби во „Kомунална хигиена“

Новиот градоначалник Орце Ѓоргиевски го чека Обвинителството  да истражи кој исплаќал илјадници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот градоначалник Орце Ѓоргиевски го чека Обвинителството  да истражи кој исплаќал илјадници евра за интелектуални услуги во Комунална хигиена и овозможил 371 вработени да зема плата, а да не доаѓаат. А Обвинителството го чека Ѓоргиевски да дојде и да каже какви информации има. Оттаму појаснуват дека тој веќе ја презел функцијата и негова законска обврска е да пријави кривично дело доколку има сознанија. Го повикуваат да поднесе пријава.

Обвинителите очигледно сами нема да постапат по допрен глас – велат дека ќе чекале прво да истражат МВР и Финансиска полиција како работело претпријатието „Комунална хигиена“ и дали имало злоупотреби.

„Надлежни институции за откривање на кривични дела се МВР, Управата за финансиска полиција, инспекторатите… До обвинителството до овој момент не е доставена ниту пријава, ниту известување“, информираат од Јавно обвинителство.

Реклама

Сепак, Обвинителството веќе води една истрага за „Комунална хигиена“, но само за претпоследниот директор Сабахудин Рустеми и за уште едно лице за кои постои основано сомнение дека ја загрозувале животната средина со отпад откако Скопје со месеци тонеше во ѓубре и нечистотија.

Алфа неодамна пишување за вртоглавите тендери што сега веќе притворениот директор на „Комунална хигиена“ги потпишувал. Од јануари до сега тој исплатил за тендери речиси 178 милиони денари или скоро 2.9 милиони евра. Специјалните возила за чистење ѓубре и целиот возен парк на Комунална хигиена во последните две години се сервисирале за над два милиони евра, па оттука главниот град би требало да биде чист како стакло, наместо да е потонат во ѓубре и со наезда на стаорци.

И не само редовни сериси, се купувале гуми, бандажи, масла, антифриз, федер платна, железарија, бош пумпи. Не се штедело ниту на канцелариски материјали, пијалоци, на осигурањето на имотот, сервисирање на фотокопири, противпожарни опреми, и на резервни делови за цел возен парк.