Реклама

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Македонија

Обвинителството бара притвор за осомничениот 38-годишен скопјанец за убиството кај Смилковци

Јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот 38-годишник, којшто на 21 ноември утрото, на скопската обиколница, кај клучката во близина на Смилковско Езеро, со умисла го лишил од живот оштетениот Един Шкријељ.

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека осомничениот се гони за кривично дело – убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Од Обвинителство информираат дека според истрагата, пред убиството претходела расправија, по што осомничениот дошол на локацијата и се паркирал до автомобилот на жртвата.

Реклама

– По расправија којашто се одвивала преку телефонска апликација, осомничениот со возилото дошол на наведената локација. Се паркирал наспроти возилото кое го управувал Шкријељ, излегле и продолжиле да се расправаат. Во еден момент, осомниениот извадил пиштол и пукал кон оштетениот. Куршумот го погодил во левата нога, во феморалната артерија и поради голема загуба на крв, оштетениот починал на местото на настанот – се вели во соопштението од Обвинителство. 

Осомничениот избегал со автомобилот кон селото Сингелиќ, а по пат се ослободил од оружјето.

Од Министерството за внатрешни работи претходно денеска информираа дека осомничениот Б.Ј. (38) од Скопје бил приведен вчера, по преземени оперативно-тактички мерки од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, под сомнение за убиство на 38-годишниот Ш.Е. од селото Љубин.

Од МВР соопштуваат дека со Б.Ј. бил извршен службен разговор, при што тој го појаснил начинот на извршување на кривичното дело, по што во координација со Основното јавно обвинителство Скопје против осомничениот е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело убиство.