Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Обвинителство: Примил награда за да влијае врз судски постапки – истрага против едно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, од април до август годинава осомничениот примил награда од 10.000 евра за да со искористување на своето претпоставено влијание интервенира да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши, односно наводно да влијае врз одлуки во граѓански судски постапки пред Основниот граѓански суд Скопје и пред Апелациониот суд Скопје.

-Сведок-пријавител кој во граѓанската постапка е управител на правно лице, како што велат од Обвинителството, почнал да добива информации дека спротивната страна во судскиот спор врши сериозно влијание врз судиите кои одлучувале во првостепените и второстепените постапки давајќи поткупи за да се донесат одлуки во нивна полза. Сакајќи да ги провери таквите информации, од свој познаник-пензиониран судија добил контакт од осомничениот, кој му бил претставен како „лице кое ги познава состојбите во судовите и е близок со судии од Апелациониот суд Скопје“, се наведува во соопштението.

Реклама

Сведокот и неговиот брат, како што велат од Обвинителството, се сретнале со осомничениот кој директно им побарал 16.000 евра за да се заврши спорот во корист на правното лице – семејната фирма на сведокот.

– Осомничениот ги уверувал дека другата страна давала многу повисоки износи, но судиите не сакале да се нафатат за да пресудат нешто што не било правно основано. Бидејќи сведокот му кажал дека не може да обезбеди толку пари наеднаш, се договориле за исплата на три рати. На 30 април, чувствувајќи дека нема друг избор, сведокот му дал на осомничениот 5000 евра, по што осомничениот го уверувал да не се грижи за исходот и целиот период биле во комуникација во врска со постапката. Во тој период сведокот решил да ја пријави трговијата со влијание и при следната исплата на 5.000 евра, осомничениот е лишен од слобода веднаш по приемот на парите, се наведува во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, ценејќи дека се исполнети законските основи.