Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Обвинителство отвори истрага против три лица за криумчарење штетни средства за лекување, за сопственичка на салон за убавина бара мерки за претпазливост

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица и тоа за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица и тоа за две лица за кривични дела „криумчарење“ и „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“,  како и за една осомничена за кривични дела „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и „производс­тво и пу­шта­ње во про­мет штет­ни средс­тва за ле­ку­ва­ње“.

Со цел обезбедување на осомничената и непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд доставил предлог да се определат мерки на претпазливост спрема неа, и тоа: обврска осомничената да се јавува кај определено службено лице, привремено одземање на патна исправа и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти со другите двајца осомничени.

Постапката, како што информираат од Обвинителство, следува откако секторот за контрола и истраги при Царинската управа, претходно денеска лиши од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина, осомничени за шверцување медицински препарати штетни за здравјето на граѓаните.

Реклама

Криминалната шема била разоткриена на влез во државата на Граничниот премин „Табановце“, каде што била извршена детална контрола на комбе, при што се пронајдени вкупно 535 вијали со средство за слабеење и 7.400 етикети со натпис TIRZ 2,5 мг и TIRZ 5 мг скриени во чаршави за постелнина. Возилото, под постојан надзор на мобилен царински тим, го продолжило патот до местото на кое било договорено преземање на пратката од страна на сопственичката на салонот.

– Во моментот на исплатата инспектори од Одделението за истраги ја лишија од слобода, а по налог на јавен обвинител е извршен претрес на салонот, каде што се пронајдени и други шверцувани медицински препарати – дермални филери, препарати за разградување дермални филери, производи што се користат за редуцирање маснотии, за контурирање лице, за отстранување брчки и производи за подмладување. За пронајдените производи не била обезбедена документација за нивната безбедност, исправност и законит увоз, а според сомненијата, ги рекламирала и ги употребувала кај клиенти, информираат од Управата.