Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Обвинетите за злоупотреба со средства од ИПАРД-програмата седнаа на обвинителна клупа, судењето продолжува на 30 април

Ексдиректорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Илија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ексдиректорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Илија Стоилев, кој заедно со уште неколку физички лица, меѓу кои вработени во УЈП и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и уште едно правно лице, се сомничат за повеќе кривични дела поврзани со финансиски малверзации и примање поткуп во врска со користење средства преку европската ИПАРД-програма, седнаа на обвинителна клупа во Основниот кривичен суд Скопје. 

Судењето, како што беше договорено на денешното подготвително рочиште, продолжува на 30 април, за дел од одбраната на обвинетите да изврши увид во доказите, кои, како што реагираа, дел не им биле доставен, а дел не бил во електронска форма. 

Обвинителство за предметот има поднесено 16 кластери со докази до судот, меѓу кои видеоматеријали од надзорни камери и од вештачење на одземени електронски уреди. 

Реклама

Судскиот процес го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Наташа Поп Трајкова. 

Обвинителниот акт, поднесен од Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, судот го прифати во целост во февруари годинава и се однесува на пет физички лица за разни кривични дела, и тоа: давање поткуп, давање награда за противзаконито влијание, примање награда за противзаконито влијание и примање поткуп, во чиј склоп е и обвинителен предлог против четири други физички и едно правно лице, а поврзани со финансиски малверзации и примање поткуп во врска со користење средства преку европската ИПАРД-програма. 

Дел од паричните средства што биле дадени како поткуп, како што информираа од Обвинителство и МВР, во износ од 400 евра, е пронајден и одземен при претрес. 

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален разво,ј Илија Стоилев (во притвор), и Џевдет Насуфи (во куќен притвор) како управител на правно лице, кое иако не ги исполнувало условите по примено ветување за подарок од 50.000 евра, потпишал договор за користење финансиски средства од ИПАРД-програмата за мерка 3, како и други три лица, меѓу кои вработени во УЈП и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои биле посредници при давањето поткуп, беа уапсени во ноември минатата година.  

Првоосомничениот Џ. Н. (77) се товари дека сторил продолжено кривично дело давање поткуп и кривично дело давање награда за противзаконито влијание, а три лица, А. Ф. (44), Ј. К. (35) и И. С. (57), како посредници, сториле кривично дело примање награда за противзаконито влијание, а Ф. Ф. (47) сторил продолжено кривично дело примање поткуп.  

Првоосомничениот, според обвинението, како управител на правно лице, од крајот на февруари годинава до ноември 2025, искористувајќи ист траен однос и исти услови, во повеќе наврати, директно и преку посредници, му ветил подарок – парични средства од значителна вредност на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој на РСМ.  

Другите тројца осомничени, од кои еден даночен референт во УЈП РД Скопје и еден државен службеник вработен во Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, искористувајќи ги своето реално влијание и службената положба, побарале и го поттикнаале директорот на Агенцијата да изврши службено дејство што не смеел да го изврши.