Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Обвиненијата за поранешната претседателка на ДКСК и интерпелациите во правосудството ќе влијаат врз меѓународните извештаи, смета премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на обвинението против членката на Државната комисија за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на обвинението против членката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитриевска, како и на интерпелациите за членови на Судскиот совет и државниот обвинител, предупредувајќи дека овие случувања ќе имаат директно влијание врз меѓународните извештаи за земјата.

На новинарско прашање дали овие случувања ќе се одразат на довербата во ДКСК, како и меѓународните извештаи за правосудсниот систем, премиерот одговори дека е неопхдона робусна акција за да се утврди одговорност.

– Очекувам дека ќе се одрази, не велам дека не очекувам. Тоа се работи кои што ние како влада 14 месеци ги предупредуваме – и по однос на работата на антикорупциска и по однос на работата на Судскиот совет и јавното обвинителство. Но, кога ние регираме, тогаш повторно се наоѓаме во извештаите дека правиме политички притисок. Сега ќе се најдеме во извештаите дека тие места се непополнети или не си ја вршат работата. Така што, мислам дека со сиот политички ризик после локалните избори, треба една озбилна робусна акција да се направи и сите овие кои што го доведоа судството и обвинителството на ниво од 2 проценти треба да заминат, а ако се утврди одговорност – треба и да одговараат, рече премиерот во изјава по увид на градежни активности на нова детска градинка во Драчево.

Реклама

Мицкоски нагласи дека владеењето на правото не може да се постигне со пасивност, туку со активна интервенција во системот.

-Доколку седите на страна, тогаш нема владеење на право, ако се вклучите во процесот, тогаш правите притисок – не можете никако да погодите. Така што, подобро еднаш засекогаш да расчистиме со овие инсталации во рамките на нашиот судско-обвинителски систем и да избереме луѓе кои се со квалитет, компетенции и да се надеваме дека тие ќе бидат заштитници на правото и правдината, додаде премиерот.

Во однос на постапката за разрешување на републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, премиерот истакна дека ставот на владата останува непроменет.

-Ние не ги менуваме ставовите преку ноќ, доколку од другата страна нема некое објективно, крупно значајно аргументи кои што би не довеле до ситуација да го преразгледаме нашето мислење. Мојот став од самиот почеток до денеска е ист, рече тој.

Претседателката на ДКСК, Татјана Димитриевска, е обвинета за оддавање службени тајни во предметот „Адитив“, поврзан со сомнителна набавка на адитиви за РЕК „Битола“ и „Осломеј“. Дополнително, таа е обвинета дека друг полагал тест за класифицирани информации во нејзино име, со што добила безбедносен сертификат. Во меѓувреме имаше интерпелации за пет члена на Судскиот совет и за државниот обвинител Љупчо Коцевски, поради наводна селективност во истрагите, особено во случајот со трагедијата во Кочани, каде загинаа 62 лица.