Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Обвинение за таткото тепач на натпреварот Брегалница – Шкупи во Штип

Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – насилство. Станува збор за скандалот во Штип на 24 август, кога на фудбалскиот стадион „Бело брдо“, за време на фудбалскиот натпревар помеѓу пионерските екипи на ФК „Брегалница“ од Штип и ФК „Шкупи“ од Скопје, еден од родителите на фудбалерите од гостинскиот тим нападна неколку дечиња од тимот на Брегалница, но и присутни во публиката.

Од Обвинителството велат дека осомничениот со грубо насилство ја загрозил сигурноста на оштетените две 15-годишни деца, кои биле играчи во тимот на „Брегалница“. На децата им нанел телесни повреди, а кај оштетените, останатата публика и во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Настанот се случил во 89-тата минута од натпреварот, кога судијата поради прекршок доделил втор жолт картон и го исклучил од игра синот на обвинетиот, кој играл за „Шкупи“. Незадоволен од одлуката, најпрво синот се однесувал неспортски и со тупаници и удар со нога се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на „Брегалница“. Тогаш на теренот влегол таткото и со тупаници и клоци започнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди. На игралиштето влегле и други лица од публиката, кои спречиле натамошна ескалација на настанот, информира Обвинителството.

Реклама

Јавниот обвинител до Основниот суд во Штип достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.