Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Обраќање на вицепремиерот Фетаи на свеченоста за 9-годишнината на Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје

Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, г. Арбен Фетаи,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, г. Арбен Фетаи, им се обрати на присутните на свечената церемонија организирана од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, по повод 9-годишнината од почетокот со работа на овој универзитет. Церемонијата се одржа во Албанскиот театар во Скопје и беше посетена од студенти, професори, академици, претставници на Владата и пријатели на универзитетот, се вели во соопштението на Кабинетот на заменик на претседателот на Владата.

Во својот говор, Заменик-претседателот Фетаи истакна дека Универзитетот „Мајка Тереза“ не е само образовна институција, туку „триумф на една идеја, остварување на историска аспирација и најскапоцено завет што им го оставаме на идните генерации“.

Фетаи со гордост зборуваше за конкретниот ангажман на Владата во поддршката на образованието, споменувајќи дека по долги години чекање се гради Средното училиште Гимназија „Сами Фрашери“ во Куманово, решавањето на правниот статус на Медресето „Иса Беу“ со гаранција за официјално признавање на дипломите за генерации ученици, зголемувањето на платите во образованието, како и споделување на унифицирана азбуката на албански јазик во сите училишта.

Реклама

Тој додаде дека за кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“е издвоен капитален буџет од 34,5 милиони евра, додека е зголемен и буџетот за Универзитетот во Тетово. Исто така, во наредните денови ќе биде потпишан Меморандум за разбирање со неговиот Кабинет за обезбедување практична работа на студентите и вклучување на академскиот кадар во владините проекти.

Фетаи го заврши говорот со пораката: „Таму каде што има силен универзитет, има слободно општество; таму каде што има знаење, има иднина.“

За време на церемонијата беше доделена и титулатапочесен доктор на науки(Doctor Honoris Causa) на академикот Алајдин Абази, како и првите Плакети на чест „Мајка Тереза“ во областите наука, образование и придонес во заедницата.

Свеченоста беше оценета од присутните како ден на празник и гордост за албанското образование во Северна Македонија.