Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Прилози

Обилните дождови направија штети во Преспа, двајца евакуирани, состојбата денеска е стабилна

Невремето кое го зафати преспанскиот регион ги остави без сон жителите, кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Невремето кое го зафати преспанскиот регион ги остави без сон жителите, кои цело деноноќие се справуваа со водената стихија од надојдените реки. Било страшно, велат – сè се случило многу бргу. Притисокот на водата бил толку силен што за десетина минути поплавил дел од куќите, корнејќи ги дури и вратите.

„Ја откорна вратата, веднаш кон другата страна тргна, и таа страна ја затворивме, меѓутоа за жал успеав само електричната енергија да ја исклучам. Друго не стигнавме ништо да фатиме. Сè беше тоа во неколку минути. И за среќа, врбите не паднаа; водата ги откорна, но не паднаа во реката. Ако тие паднеа, тоа ќе беше — цело село ќе пливаше“, вели Коста Љаљаковски, жител на с. Царев Двор.

„Не можевме ништо да сториме, премногу вода се излеа од речното корито“, додава Љаљаковски, кој утринава со своите најблиски уште ги расчистуваше просториите каде што било превртено сè — од машини за преработка на овошје до фрижидери и друга покуќнина. Тие се соочуваат со голема материјална штета. Силното невреме си го направило своето, но, како што велат мештаните, проблем претставуваат и затрупаните речни корита, ендеците и каналите што жителите своевремено ги претворале во бавчи.

Реклама

„Низ селово се затворени ендеците. Секаде покрај куќиве имаше ендеци; сега се израмнија патиштата. Патиштата станаа повисоки од куќите. Кога ќе излее реката, сè оди во куќите“, вели Димче Јошевски, жител на Царев Двор.

„Поплави имаше многу, преку патот имаше. Ние со комшијата чистевме дрвја, гранки скршени од ветерот одеа по реката и ги тргавме со гребла за да тргне водата“, раскажува Танас Вурмо, жител на Дрмени.

Целокупниот потенцијал на општина Ресен бил ставен на располагање. Цела ноќ со механизација се интервенирало низ преспанскиот регион каде што било критично. Противпожарните екипи евакуирале двајца постари жители на Дрмени.

„Вчера имавме многу интервенции, алармантно беше. Водата надојде многу, реките се излеаа. Селата Царев Двор и Дрмени беа поплавени. Околу 50-тина куќи беа поплавени, интервениравме за извлекување на луѓе. Во Дрмени имаше до метар вода до куќите, околу куќите сè беше поплавено, постарите луѓе не можеа да излезат“, вели Муталиб Таироски, командир на Противпожарната единица Ресен.

Денеска повеќе нема критични места, додава Таироски, но пред најавите за нови врнежи од дожд се проверуваат сите канали и се чистат речните корита за да не дојде до нови поплави. Мештаните стравуваат да не им се повтори 1985 година, кога надојдените реки носеле сè пред себе — па дури и цели куќи.

Реките што направија хаос во преспанскиот регион денеска се повлечени. Најкритично беше во селата Дрмени и Царев Двор. Со ваков висок водостој, мештаните велат дека се соочиле последен пат во 80-тите години.