Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Обезбедена поддршка од ОБСЕ за изработка на стратегијата за интеркултурализам и општествена кохезија 2027 – 2032в

 Министерството за односи меѓу заедниците (МОЗ) соопшти дека е обезбедена значајна поддршка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Министерството за односи меѓу заедниците (МОЗ) соопшти дека е обезбедена значајна поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и од Канцеларијата на високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ за стратегијата за развој на интеркултурализам и општествена кохезија 2027 – 2032 со акциски план, која Министерството почна да ја изработува во соработка со Агенцијата за остварување на правата на заедниците, во согласност со заклучокот од седница на Владата. 

Како што наведува МОЗ во соопштение, со поддршката од ОБСЕ за изработка на документот се создаваат услови за квалитетна и навремена реализација на предвидените активности.

– Процесот на изработка на стратегијата ќе се одвива во две фази. Во првата фаза Министерството за односи меѓу заедниците ќе формира меѓуинституционални кластерски работни групи, кои ќе изготват извештај за степенот на реализација на актуелната стратегија (2024 – 2026). Паралелно со ова, потребно е да се направи процена на потребите и перцепциите на граѓаните на РСМ во однос на меѓуетничките односи. За таа цел ќе се подготват прашалници, ќе се организираат фокус-групи и ќе се спроведат интервјуа за што е потребно ангажирање домашен експерт. Активностите од првата фаза се очекува да бидат финализирани до крајот на септември 2026 – информира МОЗ. 

Реклама

Во втората фаза, пак, е предвиден ангажман на повеќе домашни експерти, кои заедно со работните групи ќе работат на изготвување на финалниот текст од стратегијата. Оваа активност, посочува Министерството, треба да заврши до крајот на годината. 

– Со ваквата поддршка и партнерски пристап се овозможува сеопфатен и инклузивен процес на креирање на стратешкиот документ, кој ќе придонесе кон унапредување на интеркултурализмот и зајакнување на општествената кохезија во државата – наведува Министерството за односи меѓу заедниците.