Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Економија

Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска го објави списокот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска го објави списокот на граѓани што се стекнаа со право на ваучер за купување и вградување инвертер-клима уред во рамките на програмата за поддршка на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година. Со објавата почнува и последната фаза од постапката, во која 4.070 домаќинства ќе може во рок од 30 дена да ги подигнат своите ваучери во меѓуопштинските центри за социјална работа.

Како што соопштуваат од Министерството, станува збор за втората, завршна фаза од постапката, која се однесува исклучиво на домаќинствата што до 5 октомври 2025 година поднеле барање, доставиле комплетна документација и ги исполниле критериумите утврдени во Програмата за заштита на ранливите потрошувачи на енергија. Списокот е достапен на веб-страницата на Министерството.

Од 18 март до 17 април 2026 година лицата што се наоѓаат на списокот ќе може да си ги подигнат своите ваучери во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината во која живеат. На веб-страницата на Министерството детаљно е наведена потребната документација, како и самиот тек на процедурата за подигнување.

Реклама

Рокот за подигнување на ваучерите изнесува 30 дена од денот на објавата. Ваучерот овозможува набавка и вградување инвертер-клима уред од најмалку 3,5 киловати со енергетска класа А+, а може да се искористи најдоцна до 15 октомври 2026 година.

Од Министерството дополнуваат дека во следните денови ќе го објават и списокот на компании со кои се склучени договори за оваа мерка. Граѓаните ќе може да изберат клима-уред од понудата на овие компании, без дополнителна доплата, при што вредноста на ваучерот изнесува до 28.000 денари.

– Министерството уште еднаш нагласува дека оваа објава се однесува само на граѓаните што веќе аплицирале на јавниот оглас во 2025 година и претставува завршна постапка за реализирање на поддршката. Во рамките на овој повик се доделуваат вкупно 4.070 ваучери – нагласуваат од таму.