Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Објавен тендер за надзор на изградбата на третата фаза од пругата кон Бугарија

Објавен е тендерот за избор на надзор за третата фаза од пругата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Објавен е тендерот за избор на надзор за третата фаза од пругата кон Бугарија, а за 10-ина дена треба да биде објавен и тендерот за избор на изведувач, со што во текот на летото ќе почнат работите на терен – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред состанокот за активностите и плановите за проектите на Коридорот 8, кој се одржува во соработка со претставници на Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Николоски најави дека на состанокот ќе се разговара и за западното железничко крило на Коридорот 8, како и за проектите за изградба на автопатските делници на овој коридор, кои, потенцира, се одвиваат добро.

– Изградбата на железничкиот и на патниот дел од Коридорт 8 ќе чини 5 милијарди евра. Државата покажува дека може да спроведува големи инфраструктурни проекти – рече Николоски.

Реклама

Бен Нупнау од Делегацијата на ЕУ посочи дека Коридорот 8 е стратешки проект со придобивки за граѓаните и државите истакнувајќи го неговото безбедносно значење во услови на геополитичка криза.  

– Состанокот е потврда за заложбата на Владата за спроведување на проектите од Коридотот 8 – посочи Нупнау.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: