Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Објавен годишниот конкурс за стипендии France Excellence

Францускиот институт во Скопје соопшти дека е објавен годишниот конкурс за стипендии…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Францускиот институт во Скопје соопшти дека е објавен годишниот конкурс за стипендии France Excellence наменет за македонски студенти што сакаат да ги продолжат своите студии во Франција на ниво мастер за академската 2026/2027 година.

– Програмата France Excellence претставува можност за млади таленти да стекнат диплома на француски високообразовни установи, со финансиска поддршка која ги покрива дел од трошоците поврзани со студиите и престојот. Покрај финансиската поддршка, стипендистите имаат пристап до низа дополнителни придобивки, вклучувајќи сместување и здравствено осигурување, што го олеснува нивниот престој, но и интеграцијата во Франција – наведуваат од Францускиот институт.

На конкурсот може да аплицираат кандидати со македонско државјанство, на возраст до 30 години. Предност ќе имаат кандидати што планираат студии на француски јазик, особено во областа на природните науки, но ќе се разгледуваат и кандидатури за програми на англиски јазик.

Реклама

Селекцијата ќе се врши врз основа на  повеќе критериуми, а особено од: досегашниот успех во студиите, мотивацијата на студентот, квалитетот, издржаноста и кохерентноста на планот за студии во Франција и професионалниот проект на студентот.

Краен рок за пријавување: 15 мај 2026 година.

Сите детални информации, како и потребни документи за пријавување, се достапни на веб-страницата на Францускиот институт, а подетални информации може да се добијат од одделот „Кампус Франс“ при Францускиот институт во Скопје.