Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

ОЈО Битола поведе постапка против лице затекнато во кражба на куќа

Основното јавно обвинителство – Битола поведе истражна постапка против лице на возраст…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство – Битола поведе истражна постапка против лице на возраст од 36 години, поради кражба во куќа на улица „Елпида Караманди“ во Битола.

Како што информираат од Обвинителство, на 15 декември, околу два часа по полноќ, осомничениот влегол на спрат од куќа и одзел 2.500 денари, при што бил затекнат од сопственикот на куќата, на кој, додаваат, осомничениот му се заканил дека ќе го прободе со скалпел. 

– На 15 декември, околу два часа по полноќ, осомничениот влегол во незаклучена куќа на улицата „Елпида Караманди“ во Битола, пребарувал низ спратот и пронашол и одзел 2.500 денари. Сопственикот го затекнал при кражбата, па осомничениот, со намера да ги задржи украдените средства, физички го нападнал со употреба на сила и му се заканил дека ќе го прободе со скалпел, се наведува во соопштението.

Реклама

Поведената истражна постапка против осомничениот е за кривично дело – Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола, веќе доставил предлог за определување мерка притвор.