Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Прилози

🎥 Нужна потреба, а не партиска пресметка: Робусната акција на премиероt доби поддршка од експертската јавност

„Робусна акција„ за расчистување со тие што го заробија судството не е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Робусна акција„ за расчистување со тие што го заробија судството не е партиска пресметка, туку нужна потреба без која нема никогаш да има вистинска реформа што им е потребна на граѓаните. Жално е, и срамно што досега, и покрај изгласните недоверби, никој од нив сам не си поднесува оставкљ. Како да чекаат да народот да излезе на протести за да ги ослободат институциите коишто ги заробиле. Според експертите, нешто мора под итно да се преземе.

Дека состојбата во правосудството е дојдена „до коска„ говори фактот што за 5-мина клучни членови на Судскиот совет, Собранието одмна веќе им изгласано недоверба, исто како и за главниот републички јавен обвинител. Но и покрај тоа, никој од нив не покажа доблест да се повлече и уште си седат на функциите како ништо да не се случило. Имаме ситуација кога дури и телото кое е најодговрно за битката со криминалот и корупцијата, Антикорупциската  комисија остана обезглавена бидејќи претседателката е обвинета токму за корупција. Токму поради ваквата катасрофална состојба премиерот Мицкоски најави дека по изборите ќе следи сериозна робусна акција против тие што го уништија судството.

Освен премиерот, и експертите, критики за однесувањето на државниот обвинител Љупчо Коцевски и членовите на Судскиот совет критики имаат и дел од адвокатите. Според нив, советот си избира само подобни за нив судии, додека актулениот републички обвинител е најслабиот правник што седи на оваа фотелја

Реклама

Години наназад во извештаите на Европската комиисја се критикува за состојбата на судскиот систем во земјава, а се нотирани и скандали коишто го обележаа работењето на сегашниот состав на Судскиот совет. Работна група од Министерството за правда веќе скрои неколку закони од реформскиот пакет кишто треба да поминат во Собрание. Поради критиките од ЕУ и недовербата на граѓаните, Владата отпочна постапка за разрешување на Коцевски. Постапката беше прекината поради големата трагедија во Кочани со цел да нема никаков застој во работата на Обвинителствоо бидејќи истрагата беше приоритетна. Очиглено процедурата за него, ќе продолжи по изборите, во пакет со Судскиот совет.