Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

Ново Село ќе го враќа автентичниот изглед преку европски проекти

Историското штипско Ново Село, ќе го враќа својот автентичен изглед преку заеднички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Историското штипско Ново Село, ќе го враќа својот автентичен изглед преку заеднички прекугранични проекти меѓу Македонија и Бугарија, финансирани од фондовите на Европската Унија. Предвидено е да се реконструира една од старите куќи-донација од кардиохирургот со штипско потекло, Жан Митрев, која ќе го задржи изворниот архитектонски стил и ќе биде пренаменета во сместувачки капацитет. Дополнително ќе се инвестира и во сместувачките капацитети на бањата Кежовица, а целосно ќе се уреди локалитетот Л’џи од каде извира геотермална вода.

„Станува збор за туристичка понуда, со изградба на сместувачки капацитет во историското Ново Село, кое преставува музеј под отворено небо, реставрација на локалитетот Л’џи, извор на минерално-термална вода и реконструкција на сместувачкиот капацитет при бања Кежовица„ изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Штипско Ново Село, има потенцијал да привлече домашни и странски туристи. Освен старите куќи заштитени со закон, црквата „Успение на Пресвета Богородица„ и ретките икони, маалото кое во предилинденскиот период бил револуционерен центар, со своите споменици и објекти претставува вистински музеј под отворено небо. Ваквите проекти се клучни за збогатување на туристичката понуда, посочува Јорданов.

Реклама

„Ова се проекти кои не само што ќе придонесат за развој на туризмот и за создавање на една клима за меѓусебна соработка, туку и ќе не мотивираат да продолжиме и понатаму. Верувам дека ова е само продлабочување на една успешна соработка и приказна која ја имплементираме со општината Гоце Делчев, од Бугарија, благодарение на ресорните министерства„ изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Во рамки на овој проектот за меѓугранична соработка во кој партнер е бугарската општина Гоце Делчев, Штип, ќе добие 240.000евра.