Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Новиот закон за Судски е објавен на ЕНЕР: Предвидува претседателот на Советот да се разрешува јавно

Разрешувањето на претседателот на Судскиот совет да биде јавно и во никој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Разрешувањето на претседателот на Судскиот совет да биде јавно и во никој случај јавноста да не биде исклучена. Одлуката за разрешување да се носи со најмалку осум гласови, а да ја започнат од најмалку четири члена од советот. Вака стои во предлог новиот закон за Судски совет што е закачен на ЕНЕР, а се чека и мислењето од Венецијанската комисија. Нови критериуми има и за поимот „истакнат правник“, кој до сега се злоупотребуваше, за да може да се вметнат партиски подобни личности во ова тело. Па така, според предлог законот, членовите кои не се од редот на судиите, треба да бидат дипломирани правници со најмалку 15 години работно искуство по положен правосуден испит, или да бидат универзитетски професори со стаж од најамлку седум години.

  • ..„да се истакнал со свое јавно делување во заштита на владеењето на правото, независноста на судството и човековите права, како и да ужива углед и да поседува интегритет за вршење на функцијата член на Совет за што приложува најмалку три препораки од универзитетски професори по право, адвокати, поранешни или сегашни судии на Уставниот суд или на меѓународни судови, или лица/е а со најмалку 15 години работно искуство во правната професија по положен правосуден испит од кои две од лица кои припаѓаат на истата правна професија” стои во предлог Законот.

Членовите кои се бираат во Собранието и по предлог на претседателот на државата, да одговараат на прашања на јавна расправа на која ќе се дебатира за нивното професионално искуство и стручност.

  • „Зајакнување на легитимитетот на процесот за избор на членови на Судскиот совет од редот на судиите, како и појасно уредување на постапката за утврдување одговорност на член на Судски совет вклучувајќи и негово разрешување како и воспоставување обврска на Судскиот совет да ги прецизира, индивидуализира и образложи одлуките за избор и утврдување одговорност на судиите; стои во предлог Законот.

Во подготовка на новиот предлог закон учествуваа и од Судскиот совет. Претседателот Александар Камбовски вели дека дале свои предлози, но со дел и не се согласуваат. Со што поточно не прецизираше.

Реклама
  • „Мислам дека се направи обид еден да се дефинира она што стално е актуелно во јавноста, што е истакнат правник.  Мислам дека сега со овој закон до некаде колку е тоа можно ќе се успее да се каже што е тоа истакнат правник, односно да се дадат некакви критеируми“ – рече Камбовски кој додаде дека мора да го има законот пред себе за да каже со кои членови од Законот не се согласувале.

Во новиот закон се вградени и 40-те препораки од Оценската мисија кои беа испратени на адреса на Судскиот совет. Според министерството за правда, законот во споредба со актуелниот има измени во 2/3 од текстот.