Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Прилози

Нови препукувања на релација ДУИ-ВЛЕН

ДУИ мора да сфати дека конечно е опозиција и дека повеќе не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ мора да сфати дека конечно е опозиција и дека повеќе не може да диктира и да договара тендери за нивните пријатели, дека само длабоки реформи може да ги спасат од колапс и да ги избават од бездната на криминалот во која потонаа. Коалицијата ВРЕДИ со остра реакција на последните провокации кои дојдоа од интегративците.

Артан Груби и Бујар Османи… Едниот бегалец и другиот збунет за власт, плачат и тагуваат затоа што народот ги испрати во опозиција. Граѓаните ја разбраа вистината и не потпаѓаат на измамите што ги изнесуваат во јавноста, велат од ВЛЕН.

Претходно, потпретседателот на ДУИ Бујар Османи изјави дека размислуваат да не учествуваат на локалните избори, а претседателот Али Ахмети отиде и чекор понатаму и рече дека нема да дозволат поставување на гласачки кутии. Ова ќе се случело доколку Уставниот суд донесе одлука за укинување на Законот за јазици за кој во моментов се спрема подготвителна седница.

Реклама

Експерти за Алфа веќе коментираа дека ваквата реторика на ДУИ е поради катастрофалниот рејтинг особено откако Артан Груби заврши на црната листа на САД, а потоа заработи и кривична пријава за тежок во милиони криминал, по што избега од државата. Поради избегнување да се соочи со правдата во бегство е и поранешниот директор на Лотарија Прпарим Бајрами.

Најавите за вовед во политичка криза го ставаат во незавидна позиција и со парнерите од коалицијата „Европски фронт“.

Али Ахмети има проблем и со договорањето кадри со кои ќе настапат на изборите. Се погласно се зборува дека во Мала Речица се води битка за позиции и дека камен на сопнување е Рамиз Мерко, првиот човек на Струга кој заврши и на американската црна листа. Дел од раководството сака повторно да застане зад него, а дел цврсто се противи.

Партијата која го предводи таканаречениот „Европски фронт“ има повеќе функционери на црната листа, а уште повеќе на списоците на обвинителите за сомнежи за сериозни криминали.