Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Нови напади меѓу Израел и Иран

На небото над Израел одекнаа нови експлозии, а Иран за прв пат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На небото над Израел одекнаа нови експлозии, а Иран за прв пат употреби двостепена балистичка ракета од типот „Саџил“, со среден дострел до 2.000 километри, директно лансирана кон израелска територија. Една од ракетите ја погоди болницата во  градот Бершева, повеќе од 40 луѓе се повредени. Израелската војска возврати со воздушен напад врз Иран. Нападнати се неколку цели во Техеран и други делови од земјата. Една од ракетите ја погодила и академијата на Револуционерната гарда. Премиерот Нетанјаху се закани дека ќе ја наплатат цената од Техеран и нареди на војската да ги интензивира нападите. Порака и од претседателот на Израел.

„Ако навистина сакате да ја видите иднината, како Евреите и муслиманите и сите религии работат заедно и се почитуваат меѓусебно, вклучувајќи ги и Палестинците од Јудеја, Самарија и Газа, дојдете тука и ќе ја разберете иднината. За иднината, треба да се бориме, да ја промениме реалноста, а тоа значи да се зададе посилен удар на главата на змијата што седи во Техеран“, изјави Исак Херцог, претседател на Израел

Медиумите во Техеран известуваат за израелски напади во близина на иранскиот нуклеарен реактор во Кондаб. Погодени биле објекти за производство на ураниумски центрифуги и компоненти за ракети. Американскиот претседател Трамп ги одобри плановите за напад врз Иран, но не даде јасен одговор дали САД ќе се приклучат кон израелските воздушни напади. Чека и одговор од иранската страна дали ќе се откаже од нуклеарната програма.

„Имам идеи што да правам но не сум донел конечна одлука би сакал да ја донесам една секунда пред да биде извршена, не сакам да се мешам но веќе 20 години велам дека Иран не може да има нуклеарно оружје. Мораат да потпишат документ… беа многу блиску… претпоставувам дека тоа се уште може да се случи… Тие сакаат да дојдат и да ме видат, а тоа е голема изјава“, изјави Доналд Трамп претседател на САД.

Во меѓувреме стигна и порака од Москва и Пекинг за Трамп, дека американски напад врз Иран ќе значи опасна ескалација. Рускиот претседател Путин претходно понуди посредништво на Москва во конфликтот на што Трамп, му одгори да се фокусира на сопствениот конфликт со Украина.