Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Нови измени на Кривичниот законик за справување со висока корупција

Измените на Кривичниот законик со кои застареа голем број случаи од висока…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Измените на Кривичниот законик со кои застареа голем број случаи од висока корупција, повторно ќе се гласаат во Собранието. Сега се предлагаат повисоки казни за злоупотреба на службената должност и за злосторничко здружување, а се враќа избришаниот став во законот за јавни набавки преку кој функционерите беа ослободени од обвинение.

Новиот предлог е казната за богатење преку јавни набавки и државни пари да биде од 1 до 8 години затвор, а ако преку тендерот осомничениот стекнал поголема имотна корист, казната да е од 4 до 10 години затвор. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги подржува новите измени, бидејќи според неа се многу важни за рефомите во судството. Потсети на одлуката на Уставниот суд според која треба овие измени да се изгласаат. Таа порача дека потребо е да се игласаат и останатите закони од реформаската агенда. 

Со измените од 2023 година беше значително ублажена казнената политика за дел од најтешките кривични дела што ги вршат овластени лица – злоупотреба на службена положба, несовесно работење и злосторничко здружување. Тие интервенции ја ослабеа превентивната улога на казненото право и директно влијаеја врз активни судски постапки. Предлог-измените на КЗ во Собранието ги поднесоа група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

Најсериозните импликации во делот на репресијата, измените ги предизвикаа во конкретни судски предмети, вклучително и предмети од областа на организираниот криминал и корупција во постапките против јавни набавки, каде настапи застареност на кривичното гонење“, се вели во појаснувањето на причините поради кои се предлагаат законските измени“, стои во извадок од Предлог и измените на КЗ.

Измените предвидуваат повторно воведување на скалеста казнена политика за делото Несовесно работење во службата, со казни до 5 години затвор за потешки облици. За делото Злосторничко здружување се предлагаат казни од 1 до 8 години за организаторите и од 6 месеци до 5 години за припадниците, додека за потешки облици казната за организаторите ќе биде најмалку 4 години.

Во Извештајот на Европската комисија за 2023 година беше истакнато дека измените од 2023 година предизвикале „сериозна загриженост“ и довеле до застарување и одложување на предмети за висока корупција. Со новите измени се очекува државата да се врати на европските стандарди во борбата против организираниот криминал и корупцијата.