Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Бизнис

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

Скопје се поврзува со Дубаи. Од март следната година со авиокомпанијата „Флајдубаи“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје се поврзува со Дубаи. Од март следната година со авиокомпанијата „Флајдубаи“ туристите диектно ќе патуваат до Емиратите. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави дека договорот е веќе постигнат, а новата линија треба да донесе повеќе туристи, но и да ја олесни деловната соработка со Обединетите Арапски Емирати. Истовремено се преговара и за директен лет од Охрид до Абу Даби или Шарџа. Според експертите ова е значаен чекор за развој на туризмот, што ќе донесе повеќе туристи, но и поголема заработка за хотелите, рестораните, туристичките агенции и локалниот бизнис.

Со безвизното патување меѓу Македонија и ОАЕ, очекувањата се дека авиолиниите дополнително ќе го зголемат интересот за земјава.

Македонија во изминативе две години значително ја прошири авио мрежата. Воведени се повеќе од 28 нови авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром, со што граѓаните добија директни врски до повеќе европски дестинации.Меѓу новите линии  се летовите до Палермо, Алгеро и  Вроцлав. Македонија се поврза и со Париз, Барселона, Лион, Штутгарт, Луксембург, Салцбург, Прага, Келн, Амстердам и Виена, како и повеќе туристички и чартер дестинации.

Реклама

Дека туризмот е во пораст покажуваат и бројките. Последните податоци за јули годинава говорат дека земјава ја посетиле над 223 илјади туристи, кои оствариле речиси 795 илјади ноќевања.Повеќе од половина од туристите биле странци – 57 проценти. Најмногу гости дошле од Турција, Србија, Германија и Романија.

Растот се гледа и во првите седум месеци од годинава. Бројот на туристи е зголемен за 1,5 проценти, а странските туристи се зголемиле за 1,3 проценти.