Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Свет

Новата влада на Австрија ќе положи заклетва

Новата влада на Австрија денеска ќе положи заклетва пред претседателот Александар ван…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новата влада на Австрија денеска ќе положи заклетва пред претседателот Александар ван дер Белен.

Владата е составена од три партии – од Австриската народна партија (ОВП) и Социјалдемократската партија на Австрија (СПО) и Неос.

Лидерот на ОВП, Кристијан Штокер ќе биде канцелар, а претседателот на СПО, Андреас Баблер ќе вицеканцелар. Додека лидерката на Неос, Беате Мајнл-Рајзингер ќе биде министерка за надворешни работи,

Реклама

Церемонијата на положување на заклетва означува крај на петмесечните обиди за составување на нова влада на Австрија. Десничарската Австриска партија на слободата (ФПО) на парламентарните избори минатата година освои најголем број гласови, но сега ќе биде опозиција.

Трипартитната владејачка коалиција е формирана откако Неос одлучи да биде дел од новата влада заедно со ОВП и СПО.

Новата австриска влада планира построги закони за миграција, поповолна даночна политика за просечните граѓани и најави континуитет во надворешната политика и политиката на ЕУ, што вклучува континуирана поддршка за Украина.

Трите партии преговараа за коалиција по изборите во септември, но преговорите пропаднаа во февруари поради несогласувањата помеѓу СПО и Неос. Потоа мандатот за формирање влада го доби ФПО. Но преговорите помеѓу ФПО и ОВП пропаднаа поради несогласувања околу поделбата на надлежностите.