Реклама

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Македонија

Новата шефица на ОЈО ГОКК: Нема да има простор за интервенции во конкретни предмети, обвинителите мора да одлучуваат врз основа на закон, факти и докази

Новоизбраната раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новоизбраната раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Искра Хаџи Василева, изјави дека притисоците врз обвинителите се реалност со која се соочува професијата, но оти носителите на обвинителската функција мора да останат отпорни и да одлучуваат исклучиво врз основа на закон, факти и докази.

Одговарајќи на новинарски прашања по рочиштето за случајот против судијата Ѓоко Ристов за нејзиниот избор, Хаџи Василева нагласи дека интегритетот е клучен за независното работење на обвинителите.

– Веројатно е природно обвинителската работа по својата суштина да трпи некакви притисоци. Наше е како обвинители да бидеме резистентни и да ставаме граница на овие притисоци. Не треба да се плашиме, притисоците се веројатно дел од човечката природа, како и интегритетот, кој сум убедена дека е дел од голем број обвинители – истакна таа.

Реклама

На прашањето како би постапила доколку ѝ се јави носител на висока државна функција, меѓу кои и премиерот, Хаџи Василева рече дека институционалната комуникација е нормална, но не и евентуалните интервенции во конкретни предмети.

– Органите и институциите не е ништо спорно да соработуваат и тоа е природно, логично и разумно. Ако мислите на некакви интервенции или ургенции, тоа е веќе друго прашање и се разбира дека ние сме според Уставот самостојни и одлучуваме врз основа на право, факти и докази – нагласи Хаџи Василева.

Таа посочи дека формално функцијата ќе ја преземе по завршувањето на законските процедури во наредните две недели по што ќе се посвети на организациските прашања и на зголемување на ефикасноста на кривичниот прогон.