Апел до сите хумани граѓани да донираат и да му помогнат на Стефан. Сопруг, татко на едногодишно дете и полициски службеник, кој по тешка несреќа се соочува со најголемата животна битка.
Струен удар и пад од височина му предизвикале тешка повреда на рбетот, поради која има тетраплегија, а потребни му се трахеостома и повремена механичка вентилација.
Поради тоа, неопходно е Стефан да го продолжи лекувањето во странство.
Да помогнеме Стефан повторно да си го гушне своето дете и да биде покрај своето семејство.

