Реклама

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Македонија

Боки 13 доби ослободителна пресуда по години судење за „Меѓународен сојуз“

Апелациониот суд во Скопје донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски – Боки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Апелациониот суд во Скопје донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски – Боки 13 во предметот „Меѓународен сојуз“, со што ја преиначи првостепената пресуда, со која тој беше осуден на пет години затвор.

За пресудата информираше адвокатот на Јовановски, Сашко Дуковски.

„Ете, правдата е спора, но достижна! Апелациониот суд во Скопје денес донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски во предметот ‘Меѓународен сојуз’. Со тоа ја преиначи првостепената пресуда на Основниот кривичен суд од пет години!!“, објави Дуковски.

Реклама

Судскиот процес се водеше против Јовановски, неговите помошнички Христина Блажевска и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ, како и неговиот татко Миле Јовановски. Според обвинението, преку проект за изградба на домови за стари лица биле измамени двајца бизнисмени, а дел од парите уплатени за реализација на проектот биле искористени за финансирање на телевизијата „1ТВ“ и за лични потреби.

Во претходната постапка, Апелациониот суд веќе ја потврди ослободителната пресуда за поранешната пратеничка Фросина Ташевска-Ременски.