Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Новата сезона во Хераклеја почна со туристи од Шпанија, Франција, Германија и Белгија

Мозаиците во Хераклеја повторно се достапни за јавноста, а првите годинешни туристи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мозаиците во Хераклеја повторно се достапни за јавноста, а првите годинешни туристи се од Шпанија, Франција, Германија и Белгија – потврдија од НУ Завод и Музеј – Битола.

Според утврдената пракса, мозаиците во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, ремек-дела на ранохристијанската уметност, во периодот октомври – април се заштитуваат со заштитен слој од речен песок, деновиве песокот беше отстранет, а мозаиците откриени и достапни за јавноста.

Туристите најголем интерес покажуваат за мозаиците Голема Базилика, Мала Базилика и други, кои се на површина од речиси 1.300 квадратни метри, посочија водичите од НУ Завод и Музеј – Битола, институтција во чија надлежност е Хераклеја Линкестис, локалитет кој минатата година го посетија над 23.000 туристи од Полска, Франција, Италија, Германија, Чешка…, како и од сите држави на Балканот.