Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Прилози

Новата обиколница во Штип ќе го растовари сообраќајот во центарот на градот

Интензивно се гради новата обиколница во близина на влезот во Штип, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интензивно се гради новата обиколница во близина на влезот во Штип, во правец кон Радовиш и Струмица. Делницата е веќе трасирана и се асфалтираат двата краци што ќе ги поврзат околните населби.  Со нејзиното ставање во функција, двата влеза во градот ќе бидат поврзани, а транзитниот сообраќај ќе се одвива без да се влегува во центарот на градот.

Новата обиколница ќе му даде современа урбанитичка димензија на Штип. Во наредните пет години на тој потег ќе се оформи зона за лесна индустрија и ново населено место  во кое свој дом ќе најдат стотина млади семејства.

„За нас како Локална самоуправа е од голем важност да го планираме развојот на нашиот град. Морама централното градско подрачје коешто е загушено од сообраќај да го растеретиме и секаде се овозможи развој и ширење„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Реклама

60-70% од градежните активности се веќе завршени. Според планот, обиколницата во должина од 3,2 километри, во сообраќај ќе биде пуштена средината на наредната година.  Околу делницата ќе се изградат паркови, велосипедски патеки, на река Брегалница, нов мост, а се предвидува изградба на уште еден крак .

„Исто така сакам да потенцирам дека ќе се работи и на крак кој ќе ги поврзи населбата „Мерите„ со обиколницата и практично ќе се изгради еден нов кружен тек кај црквата Св. Јован Крстител, која се наоѓа на средина на самата обиколница„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип

До крајот на годината ќе бидат завршени и двата резервоара „Пребег„ и „Мерите„ кои се градат во близина на новата обиколница. Со нивната изградба трајно  ќе се реши водоснабдувањето на веќе постојните, но и новите населби, што се планираат во тој дел на градот. Истовремено ќе се надмине долгогодишниот проблем со намалениот притисок на вода во повисоките зони на Штип.